дома Македонија Општество ИЈЗ: Над 1.700 случаи на грип за една недела, бројот двојно зголемен

ИЈЗ: Над 1.700 случаи на грип за една недела, бројот двојно зголемен

Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, информира дека во текот на првата недела од 2026 година во Македонија се пријавени 1.725 случаи на заболени од грип или заболувања слични на грип, што е за 2,2 пати повеќе во споредба со претходната недела.

Грип заболени

Најголем дел од заболените се лица на возраст од 15 до 64 години (749 случаи), по што следуваат деца од 5 до 14 години (618), деца од 0 до 4 години (229) и лица над 65 години (129). Најмногу случаи се регистрирани во Скопје, Тетово и Куманово.

Андоновска апелираше на почитување на општите превентивни мерки – избегнување собири и затворени простории со многу луѓе, ограничување на контакт со лица кои имаат симптоми на кашлица и кивање, редовно миење раце, проветрување на просториите, како и внесување доволно течности, лесна храна, витамини и минерали.

Таа нагласи дека лицата со симптоми на грип треба да останат дома и да се јават кај матичен лекар, а родителите да не ги носат децата со симптоми во училиште или градинка, со цел да се спречи понатамошно ширење на вирусот.

Според Андоновска, се очекува пикот на грипот по завршувањето на зимскиот распуст и почетокот на второто училишно полугодие

ПредходнаФилипче: Средба со криминалци нема, техничката влада мора да остане!
СледнаМицковски му врати на Филипче.Можеме и без вас да ја укинеме техничката влада, ама дојдете на лидерска.