дома Локално Од 17 часот шестчасовна блокада на граничниот премин Евзони

Од 17 часот шестчасовна блокада на граничниот премин Евзони


На шест часа, почнувајќи од 17 часот по македонско време (18 часот по локално време) грчките земјоделци и денеска ќе го блокираат граничниот премини Евзони кон нашата земја за влез и излез од Грција. Блокадата се очекува да трае до полноќ по грчко, 23 часот по македонско време и како и досега ќе се однесува на сите видови возила: товарни, автомобили и автобуси.

 

На ГП Ники (ГП Меџитлија), како што соопшти АМСМ има забрана за движење на товарни возила, која ќе трае до утре до 10 часот.

 

Вчера претпладне земјоделците во цела Грција ја започнаа најавената 48-часовна блокада низ целата земја, меѓутоа по новата покана за дијалог и средба упатена од Владата, решија да повлечат дел од блокадите што се на споредните патишта, но сепак тракторите остануваат паркирани на автопатиштата.

 

Протестите на земјоделците во Грција започнаа на 30 ноември и траат над 40 дена со секојдневни блокади на низа локации во целата земја.

ПредходнаЛиста на најбогати во регионот на „Недељник“: Доминираат српски бизнисмени, меѓу кои и двајца спортисти
СледнаНеексплодирана минофрлачка граната пронајдена во Богданци