Даниел Стерн, актерот најпознат по улогата на неспретниот крадец Марв во франшизата „Сам дома“, минатиот месец беше обвинет од полицијата во Јужна Калифорнија за наводно барање проституција. Според американските медиуми, 67-годишниот актер добил прекршочна пријава од полицијата во округот Вентура за инцидент што наводно се случил на 10 декември во хотел во Камарило.

Накратко, тој се обидел да ангажира ескорт дама, или поточно, проститутка.
Немаше апсења.
Властите потврдија дека Штерн не бил приведен или уапсен, и затоа не е направена полициска фотографија од него за евиденција. На актерот му е врачена прекршочна пријава на лице место и е пуштен на слобода.
Ова не е прв пат името на познатиот актер да се најде во вестите во округот Вентура во последно време . Минатиот октомври, службите за итни случаи беа повикани во неговата резиденција во Сомис поради медицински итен случај, а Стерн беше итно префрлен во болница.
Марв, ликот на Стерн, е несреќен крадец кој, со својот партнер Хари, игран од Џо Пеши, ограбува куќи во областа на Чикаго. Нивниот упад кулминира со урнебесен обид за провала во домот на Кевин Мекалистер (Маколеј Калкин) откако момчето е оставено само дома за Божиќ. Нивната битка продолжува во вториот дел со случајна средба во Њујорк.
68-годишниот актер го напушти холивудскиот живот пред многу години и се пресели на фарма во Калифорнија. Таму, тој и неговата сопруга одгледуваат добиток и цитрусни плодови, а во слободно време се занимава со вајарство.




