дома Македонија Политика Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат...

Во општините Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа се одржуваат повторени избори за градоначалник

Гласањето почнува во 7:00 часот, а избирачките места се затвораат во 19:00 часот. Гласачите на избирачките места ќе се идентификуваат со важечки лични документи – лична карта или пасош, а исто така нивниот идентитет ќе се потврди и со апаратите за биометриска идентификација.

Во Гостивар ќе се гласа на 120 избирачки места,   Маврово Ростуше има 40 избирачки места,   Врапчиште на 39 избирачки места  a bројот на гласачи во Центар Жупа запишани во Избирачкиот список се 7 562 .

Вчера во овие општини гласаа болните и изнемоштените лица, како и затворениците.

Државната изборна комисија (ДИК) во текот на денот на прес-конференции и преку соопштенија ќе информира за текот на гласањето и за излезноста на гласачите. Првичните резултати од гласањето ќе бидат објавени откако до нив ќе бидат доставени од општинските изборни комисии.

ПредходнаОбвинителството бара притвор за две лица од Слупчане – силувале малолетничка, па за пари ја уценувале со експлицитни фотографии
СледнаКонечно забрана за пушење, во интерес на здравјето, а не во интерес на кафанџиите и профитот