Денес ќе биде познато дали ќе има трет мобилен оператор. Одлуката се очекува да ја донесе Агенцијата за електронски комуникации (АЕК).
Крајниот рок за издавање дозвола за користење радиофреквенции е 25 февруари годинава.
Процесот за воведување на трет оператор за мобилни мрежи и услуги почна минатата година. Групацијата „4iГ“, преку својата подружница ОНЕ Македонија Телекомуникации, на 17 декември 2024 година официјално испрати писмо за интерес до АЕК.




