дома Култура „Хамнет“ ја освои наградата „Златен глобус“ за најдобар драмски филм

„Хамнет“ ја освои наградата „Златен глобус“ за најдобар драмски филм

Филмот „Хамнет“ ја освои наградата „Златен глобус“ за најдобар драмски филм на годината, на церемонија одржана во Лос Анџелес.


Во категоријата за најдобра комедија или мјузикл, најдобар беше филмот „Една битка по друга“, објавува „Ројтерс“ во извештај за церемонијата одржана во недела навечер по локално време.
Златниот глобус за најдобар драмски актер го освои Вагнер Моура, додека најдобра драмска актерка беше прогласена за Џеси Бакли.
Најдобар комедија или мјузикл актер беше прогласен Тимоти Шаламет, а најдобра актерка Роуз Бирн.
Златниот глобус за најдобар режисер му припадна на Пол Томас Андерсон за неговото дело „Една битка по друга“.
Андерсон беше награден и со „Златен глобус“ за најдобро сценарио за истиот филм.
„Ловци на демони на KPop“ беше прогласен за најдобар анимиран филм.

ПредходнаЕУ и Меркосур потпишуваат договор на 17 јануари
СледнаИлјадници медицински сестри во Њујорк за утре најавуваат штрајк