На граничниот премин Дојран запленети се 5050 штеки цигари и електронски цигари. Приведен е српски државјанин.
Полицијата соопшти дека е приведен 56-годишен државјанин на Србија со иницијали М.Г.(56) кој управувал товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитц“ со српски национални ознаки.
При граничната контрола, утврдено е дека е фалсификуван WIN бројот на полуприколката во сообраќајната дозвола, а при преглед на полуприколката, со помош на специјален уред-Ендоскоп пронајден е скриен бункер, во кој се пронајдени вкупно 5050 штеки, од кои 800 штеки цигари и 4250 штеки електронски цигари.
Против него ќе бидат поднесени кривични пријави за „фалсификување исправа“ и „криумчарење“ акцизна стока.




