дома Македонија Општество Ајде турбо повторно- Вечер е стара нова година. св Василије Велики на...

Ајде турбо повторно- Вечер е стара нова година. св Василије Велики на помош.

Верниците пак , православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар вечер имаат сосема спротивна верска приказна и тие ќе ја пречекаат Стара нова година, која почнува утре на Василица (1 / 14 јануари).

Многу македонски семејства Василица ја празнуваат и како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики, како Васил, Васко, Васе, Васка…, го слават својот именден. На семејната трпеза се крши погача или во други краеви пита со паричка, а се верува дека на оној што ќе му падне, годината ќе му биде среќна и бериќетна.

По повод празникот Обрезание Господово и Свети Василиј Велики, утре во храмовите на Македонската православна црква ќе биде служена света Василиева литургија.

Свети Василиј Велики е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, а завршил школо во Атина. Тој бил голем христијански филозоф, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј Велики се упокоил на 14 јануари во 379 година.

Покрај Македонската православна црква, според Јулијанскиот календар, верскиот празник го слават и Руската и Српската црква, Ерусалимската патријаршија и монасите на Света Гора. За разлика од нив, по Грегоријанскиот календар се водат Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква.

 

ПредходнаГрипот „коси“ во Велес : Итната помош преполна, медицинските тимови не можат да постигнат
СледнаЗима е. Студи за сите пари. Берово – 12 , на Попова Шапка 26 сантиметри снег…