Во Клубот на пратениците утре ќе се одржи лидерска средба на барање на премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со претседателите на парламентарните партии кои имаат пратенички групи во Собранието,. Сдсм во старт ја одбија поканата. Како што е најавено,дел прифатиле , а како што сака домаќинот треба да се разговара за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител, за Изборниот законик и за укинување на техничката влада, но и за други прашања на предлог на учесниците на средбата.
Од трите опозициски пратенички групи, засега потврда за учество има само од Левицата, а лидерот на СДСМ, Венко Филипче, уште веднаш го одби повикот на Мицкоски со тврдење дека тоа е манипулација со цел укинување на техничката влада, а со тоа блокада на регуларноста на идните предвремени избори на Мицковски кои ги планира за напролет
Од коалициските партнери во Владата на средбата се очекуваат претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, а од коалицијата „Вреди“, градоначалникот на Тетово, Биљал Касами.
ДУИ денеска попладне на седница на генералниот совет на партијата ќе донесе одлука дали нејзиниот лидер Али Ахмети ќе учествува на состанокот откога партијата вчера одржа седница на претседателството на генералниот совет, на која се дискутирало за актуелните политички теми и за прашања за внатрепартиската организација.
За темите очигледно суштински е поддршка за укинување на техничката влада, за да не биде тоа еднострано од ВМРО ДПМНЕ.
СДСМ во старт одби укинување на техничката пржинска влада.
Левицата најави дека прифаќа да се укине техничката влада, но само ако се воведе една изборна единица, а пратеникот Амар Мециновиќ вчера на прес-конференција во Собранието информира дека Левицата ќе присуствува на најавената лидерската средба.
– Како парламентарна партија, која една и пол година се обидува да воспостави комуникација со парламентарното мнозинство преку предлагање закони, преку консензус за некои државни прашања, сметаме дека сега е времето да влеземе во конструктивен дијалог – изјави Мециновиќ.
Лидерската средба ја поздравија и ЛДП и ДОМ. , ќе одат , а нивните очекувања се деа ќе ги сменат темите и ќе бараат одговори на клучните прашања, кои директно го засегале животот на граѓаните.




