дома Македонија Црна хроника Пожар во стан во Тетово, починато едно лице

Пожар во стан во Тетово, починато едно лице

  Едно машко лице го изгуби животот, а уште едно е повредено синоќа по пожар во стан во зграда во тетовската населба Блок 70.

– Пожарот во Територијалната противпожарна единица Тетово е пријавен во 19>05 часот, информираше Авни Амети од ТППЕ Тетово

Од СВР Тетово потврдуваат дека по пожар во стан во зграда во Блок 70 е најдено починато машко лице, а едно лице е повредено. Воедно информираа дека во тек е увид по пожарот во станот и повеќе детали ќе соопштат во текот на утрешниот ден.

ПредходнаЃорѓиевски: Почна површинското чистење на депонијата Вардариште, следува процес на одгасување
СледнаЛидерска средба за реформските закони и за укинување на техничката влада, не доаѓа само Филипче