дома Македонија Економија Граѓаните и понатаму ќе скенираат сметки, нем укинување, потврди министерката за финансии

Граѓаните и понатаму ќе скенираат сметки, нем укинување, потврди министерката за финансии

Мерката „Мој ДДВ“ останува, за неа не се дискутирало на Влада, потврди министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.
– Не можам да кажам дека ќе има било какви промени. Напротив, се останува како досега, изјави Димитриеска-Кочоска на прес-конференција во Владата.
Дилемите околу можното укинување се отворија откако директорката на Управата за јавни приходи изјави дека трошоците за мерката се големи, а резултатите се слаби во однос на борбата против сивата економија.
Со оваа популарна мерка, граѓаните по секое тримесечје добиваат поврат на ДДВ за скенираните сметки.

ПредходнаРусија ги отфрла разговорите за прекин на огнот наместо мир во Украина како несериозни
СледнаТехничката влада ќе се укине, ако не сега, по следните парламентарни избори