дома Македонија Левица нема ништо против укинувањето на техничката влада

Левица нема ништо против укинувањето на техничката влада

Левица нема никаков проблем за да се укине техничката влада. Лидерот на партијата Димитар Апасиев пред денешната лидерска средба изјави дека за ние таа е бирократски остаток од едно друго време.
 Кажавме дека немаме никаков проблем да ја укинеме зашто сметаме дека е бирократски остаток од едно време кога Македонија беше третирана како протекторат и оттука ни е сеедно дали се ДПМНЕ или СДСМ на власт. Ние секако “го јадеме стапот”, изјави Апасиев.
На укинување на техничка влада инсистира ВМРО-ДПМНЕ со образложение дека таа го надминала времето и причините поради кои создадена. СДСМ е против укинување со образожение дека ВМРО-ДПМНЕ не сака во министерствата да има министри од опозицијата за да не се откријат направените криминали.

ПредходнаХороскоп за среда: Малите нешта одлучуваат дали ќе преовлада мирот или тензијата
СледнаРусија ги отфрла разговорите за прекин на огнот наместо мир во Украина како несериозни