Сакаат да ја укинат техничката влада затоа што не сакаат опозицијата да влезе во министерствата, да не се види што сè правеле со трошењето на парите на граѓаните на Македонија, сметаат од опозициската СДСМ.
– Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ сака укинување на техничката влада за да ја скрие корупцијата и криминалот во институциите, рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ на денешната прес конференција.
Вели дека антикорупцискиот тим на СДСМ веќе изнел дел од скандалите, но дека вистинската состојба е многу посериозна.
– Антикорупцискиот тим на СДСМ изнесе само дел од работите и скандалите, можете само да замислите што сè се случува таму. Затоа не сакаат да ја пуштат опозицијата во министерствата. Тоа е главниот проблем, рече Димитријевиќ.




