Стабилно и суво време до петок со температури во благ пораст најавуваат синоптичарите. Во котлините можна е појава на утринска магла.

За викендот се најавува зголемена облачност со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Тогаш дневните температури ќе бидат во опаѓање.
Денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност и ќе дува ветер од западен и северозападен правец. Утринските температури ќе бидат ниски од -10 до -3 степени, а максималната ќе достигне до 10 степени. Во Скопје утринската температура ќе се спушти до -6 степени, а дневната до 7 степени.




