дома Македонија Политика САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји и за Македонија

САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји и за Македонија

САД ја суспендираше обработката на визи,  а ВМРО ја доведе Македонија во периметар со Сомалија. САД од 21 јануари ја прекинуваат обработката на визи од 75 земји. Водечките американски и светски медиуми, од пред еден час објавија дека и Македонија е вклучена во групата со Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Русија…за кои е суспендирана обработката на визи, се наведува во   соопштение на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ

Американската влада од 21 јануари ќе ја прекине обработката на визи од 75 земји, меѓу кои се Русија, Бразил, Иран, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Нигерија, Црна Гора, Албанија и Тајланд, објави денес Телевизија Фокс, повикувајќи се на документи на Стејт департментот.

(https://www.foxnews.com/politics/us-freezes-all-visa-processing-75-countries-including-somalia-russia-iran )

Американскиот претседател Доналд Трамп во ноември изјави дека ќе воведе „трајна пауза“ за доаѓањата од „земјите од Третиот свет“, наведува Ројтерс.

Се тврди дека на амбасадите на САД им е наложено да престанат да примаат барања за издавање визи, сè додека не се преиспита постојната процедура .

Периметарот?

И Македонија меѓу нив: САД ја замрзна обработката на визи за 75 земји

ПредходнаТВ 21: Анел Фидоски најсериозен кандидат да ја преземе функцијата на Гаврил Бубевски на чело на скопското обвинителство
СледнаСтудено утро со слана, викендов ново заладување и можен слаб снег