Двомесечно бебе почина на болница во Кавадарци откако било примено со симптоми на обилно повраќање.
Бебето е примено на одделот за педијатрија на 12 јануари поради обилно повраќање по хранење, а имало уредни параметри и лабораториски анализи.
По повик од мајката поради тоа што бебето престанало да дише, бил повикан дежурен педијатар и анестезиолог.
Телото на бебето е предадено на обдукција.




