Ексградоначалник на Струмица и поранешен пратеник од редовите на Социјалдемократсиот сојуз на Македонија, Костадин Костадинов објави дека го одмрзнува членството во СДСМ.

„Сакам јасно да нагласам дека останувам зад сите мои претходни ставови и позиции по однос на бројни прашања од јавен интерес и дека овој чекор не значи нивно менување или повлекување. Во овој момент не најавувам никаква форма на активен ангажман, туку стојам на располагање, со почит кон партијата, нејзините вредности и секој член поединечно“ напиша Костадинов на Фејсбук.
Единството бара подавање рака, држење до принципи и искрени разговори во имe на секој еден социјалдемократ, порача Костадинов.
Костадинов, кој влезе во отворен судир со матичната партија, ја коментираше колективната оставка на раководството оценувајќи ја како „движење напред“. Тогаш рече дека дел од одлуките на СДСМ биле „исклучително нетактични“, но нагласи дека ваквиот чекор претставува позитивен сигнал за можни промени во партијата.
SP




