Шефот на македонската дипломатија уверува дека со одлуката на САД да ја стави Македонија на листата на земји за кои го суспендира издавањето на имигрантски визи, нема да влијае на останатите постапки за идвање визи.
– Доколку сте стопанственик и сакате да патувате во САД слободно може да аплицирате за виза, доколку сте студент кој или сака да студира во САД или да оди на work and travel – ова нема никаква врска за вас. Доколку сакате да патувате, на пример на Светското првенство во фудбал, исто така можете да патувате туристички. Оваа одлука нема да има никакво влијание врз вас, изјави денеска Муцунски.
Одлуката на САД, според него, се однесува само на иселеничките визи за кои, како што изјави, има најмал број апликации пред се од повозрасната категорија на граѓани.
Приоритет на државата во делот на визната политика, вели Муцунски не се иселеничите визи, туку визите насочени кон развој на државата, односно подобра визна политика за стопанствениците, научниците, студентите…
– Оставете малку на времето и на нашата комуникација, на фактот што имаме одлична соработка со нашиот стратешки партнер. Она што можам да фо кажам е дека во следниот период, можеби во следните шест месеци, позитивно ќе се изненадите од она што може да се случи во развојот на визната политика на САД кон нашата земја, односно да почнеме да затвораме прашање што 20 години с еобидувавме да ги затвориме, изјави Муцунски.




