дома Македонија Фирма нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки

Фирма нелегално вршела поштенски услуги и криумчарела пратки

Фирма вршела меѓународни поштенски услуги без лиценца, а поштенските пратки ги внесувала преку граничен премин без да ги пријави на царина.
При претрес кај фирмата најдени се 166 поштенски пратки со разновидна стока во вкупна вредност од околу 240 илјади денари.
Откако пратките биле внесени во државава, биле складирани во магацин во сопственост на фирмата по што биле транспортирани нарачките за што бил плаќан паричен надоместок.
Царинската управа соопшти дека пронајдените пратки се запленети и дека е поднесена кривична пријава против едно правно и едно физичко лице за кривично дело прикривање стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.

ПредходнаФактот што Македонија е ставена на иста листа со држави како Судан и Сомалија е длабоко поразителен и алармантен сигнал од САД
СледнаПејачката за врските со три жени: „Никогаш не сум се плашела од напорна работа“