дома Македонија Црна хроника Запленетите пиштоли на „Богородица“ биле украдени од просториите на „Паркови и зеленило“...

Запленетите пиштоли на „Богородица“ биле украдени од просториите на „Паркови и зеленило“ во Скопје

Деветте пиштоли кои беа запленети на граничниот премин „Богородица“ биле службени пиштоли кои се предмет на кривично дело – Тешка кражба извршена на 5 јануари од просториите на ЈП „Паркови и зеленило“ во Скопје, соопшти јавното обвинителство.

Пиштолите беа пронајдени во автомобил „Шкода октавија“ сопственост на правно лице од Прилеп при царинска контрола на граничниот премин.

„Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против жител на Прилеп кој на 14 јануари го изнајмил возилото од компанијата и со него се обидел преку граница да ги пренесе полуавтоматските пиштоли, скриени во фабричкиот простор помеѓу лимот и тапацирот на автомобилот. По сериските броеви е утврдено дека станува збор за оружјето кое претходно било украдено од службените простории на ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје и регистрирано како службено оружје на обезбедувањето во скопското претпријатие“ наведуваат од обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот за кривично дело Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

ПредходнаРаководството на Алијанса за Албанците крилото на Таравари поднесе колективни оставки
СледнаВладата даде зелено светло за влез на 10.000 странски работници