дома ТОП ВЕСТИ Неофицијално: Над 10 лица уапсени во голема полициска акција за даночно затајување

Неофицијално: Над 10 лица уапсени во голема полициска акција за даночно затајување

Неофицијално, повеќе од 10 лица се уапсени во големата полициска акција што од вчера се спроведува на повеќе локации низ државата, а која е насочена кон прибирање докази за сериозно даночно затајување.

Според неофицијалните информации, меѓу приведените има вработени во Управата за јавни приходи, поранешни пратенички од СДСМ, сопственик на бензински пумпи, како и сопруга на познат доктор.

Сите овие информации засега остануваат непотврдени.

ПОвеќето медуми имаат различни информации.4news објави дека, наводно, меѓу уапсените се и поранешни пратенички на СДСМ, сопственик на бензински пумпи и сопруга на познат доктор.

Според информации на ТВ Сител, меѓу приведените се и сопственици на фирми. Осомничените, наводно, одобрувале поврат на ДДВ за фирмите на кои поврат не им следувал. За возврат, неофицијално, фирмите потоа на осомничените им испорачувале и до 20% од добиената сума.

 На шпекулациите дека во уапсените се повеќе познати лица од јавноста, пратенички, конзули и газди од ОЈО ГОКК соопштија:

„Да не се шират дезинформации, нема звучни имиња, особено не конзули, пратеници и амбасадори. Да заврши акцијата и ќе има официјални и издржани информации“.

Се чека официјално соопштение од надлежните институции во врска со наводите,  во текот на денот.

Предходна16-годишник прегази пешак во Скопје
СледнаРисто Никовски контра Муцунски: Ние сме нивни стратешки партнер ама они не се наши !