Следната недела ќе се знае кога Сојузот на синдикати на Македонија почнува со протести за зголемување на минималната и на други плати.
За тоа ќе треба да одлучат највисоките органи на ССМ односно Претседателството и Советот кои, според најавите, ќе заседаваат во текот а наредната недела.
– Протестите може да прераснат и во генерален штарјк. Точниот датум за почеток на протестите ќе се одреди наредната недела кога ќе заседаваат највисоките органи и тела, вели потпретседателот на ССМ Иван Пешевски.
ССМ веќе подолг период бара зголемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на останатите плати, но на последниот состанок на Економско-социјалниот совет не беше донесена ваква одлука. Дури, оваа точка не беше ставена на дневен ред, а за неа беше разговарано на предлог на претседателот на ССМ.




