дома Македонија Политика Филипче>медиумите имаат одговорност, а не „АЛФА-фејк њуз“!

Филипче>медиумите имаат одговорност, а не „АЛФА-фејк њуз“!

   Претседателот на СДСМ Венко Филипче не мисли дека е грешка тоа што не присуствувал на лидерската средба со премиерот Христијан Мицкоски, бидејќи, како што вели „не им верувам на луѓето на власта на тоа што го зборуваат, затоа што ги гледам што прават“, и нагласувајќи дека „општеството не е зрело“ за укинување на Пржинската влада.

Нема, нагласи Филипче, да им помине дефокусот, обвинувајќи дека и медиумите имаат одговорност за лажните обвинувања против него.

– Како ова сега, дефокус. „Фејк њус“ Алфа-фејк њус“, мене ме обвинуваат дека имам куќа во Нерези, доаѓаше Ваш колега новинар. Што се случи од тоа, ништо. И ова истата работа. Имате одговорност за објективно информирање во јавноста. Не за вакви црни кампањи и дискредитирање, да знаете, рече претседателот на СДСМ.

Филипче: Јавен линч и црни кампањи, а Жан Митрев да отиде кај обвинител и да поднесе кривична пријава

Прашан дали е прифатливо за СДСМ укинување на техничката влада по следните избори, со оглед дека не присуствуваше на лидерската средба за ова прашање, Филипче, рече дека „власта ги има истите манири, коишто доведоа до моделот на Пржинска влада“ и оти смета дека со таква власт не треба да се седи.

– Тие ги злоупотребуваат сите институции, притисок преку полиција, преку социјални служби, злоупотреби во земјоделство, што повеќе од ова треба да видиме да знаеме дека некој од опозицијата треба да прави контрола во таа власт. Тоа беше во 2016 година, тоа истото што се случуваше тогаш, се случува и сега. Општеството не е зрело. ВМРО-ДПМНЕ во изминатите десет години нема спроведувано парламентарни избори. Ние имаме причини и конкретни аргументи зошто се сомневаме дека тие тоа не можат да го направат така како што треба, фер и демократски. Фокусот е на следните избори, а за тоа понатаму ќе зборуваме, изјави Филипче.

Според Филипче, СДСМ е единствената опозиција, посочувајќи дека се видело „Левица“ со кого седнала на маса и дека, како што рече „чим седнале Левица, ДУИ, јасно е што прават, си се договараат за свои работи“.

 

 

ПредходнаЛевица: Центарот за социјални работи во Тетово дувло на криминал и корупција
СледнаСтојановски: Филипче сакал да му ја земе болницата на Жан Митрев, Филипче демантира и најавува тужби