дома Локално МВР предупредува: Не отворајте лажни пораки од „Безбеден град“ – еве како...

МВР предупредува: Не отворајте лажни пораки од „Безбеден град“ – еве како да препознаете вистинска казна

Министерството за внатрешни работи (МВР) упати итно предупредување до граѓаните да бидат внимателни поради зачестената појава на фишинг напади преку лажни СМС и електронски пораки. Измамниците испраќаат известувања наводно од Одделот за моторни возила или системот „Безбеден град“, во кои е наведен лажен линк преку кој граѓаните се пренасочуваат да платат за наводен сообраќаен прекршок.

МВР појаснува како да се направи разлика помеѓу лажните и вистинските известувања. „СМС известувањата за направен прекршок треба да бидат од испраќач ’MVR-SC‘. Во текстот задолжително треба да содржи регистарска ознака од возилото кое направило прекршок и линк од следниот формат: https://safecountry.mvr.gov.mk…“, нагласуваат од министерството.

Надлежните апелираат никогаш да не се споделуваат лични податоци како броеви на банкарски картички и лозинки преку неовластени канали и секогаш да се проверува адресата на испраќачот. Секторот за компјутерски криминал веќе води истраги за откривање на сторителите на овие измами.

 

ПредходнаСудскиот совет одлучува за имунитетот на судијата Ристов
СледнаКуќен притвор за судијата што ѕидаше со евра ?!