Анел Фидоски е избран за нов шеф на Скопското јавно обвинителство. Тој на денешната седница на Советот на јавни обвинители е избран со седум гласа „за“.
Фидоски доаѓа на местото на Габрил Бубевски, кој се кандидираше за втор мандат.
Покрај Бубевски, за оваа функција кандидати беа и Тања Трајчевска, Дејан Петрески и Спасенка Андонова.




