За учениците од основното и средното образование на територијата на целата држава денеска почнува второто полугодие.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска во објава на Фејсбук им посака успех на сите ученици во претстојното полугодие.
Министерката минатата недела изјави дека според изјавите од Министерството за здравство и од Институтот за јавно здравје нема да има пречки за да почне новата учебна година, поради ситуацијата со грипот.
Апелираше до родителите, до учениците, да бидат редовни во училиштето и што е можно поретко да изостануваат затоа што сите испитувања и во Македонија и секаде во светот велат дека учениците што редовни ги посетуваат училиштата постигнуваат подобри резултати.




