дома Македонија Судскиот совет одлучува за имунитетот на судијата Ристов

Судскиот совет одлучува за имунитетот на судијата Ристов

Судскиот совет на итна седница попладнево треба да донесе одлука дали ќе му го одземе имунитетот на апелацискиот судија Ѓоко Ристов во чиј семеен дом беа пронајдени соѕидани 350 илјади евра.
Седницата е закажана за во 15:30 часот.
Парите беа пронајдени во домот на неговите родители во Неготино, а Основното јавно обвинитество за гонење на криминал и корупција бара куќен притвор за Ристов и мерки на претпазливост како одземање на патната исправа за излез од државата односно забрана за нејзино издавање.
Ристов се товари за две кривични дела – противправно стекнување и прикривање имот и перење пари.

ПредходнаЕдна минимална плата само за храна, ССМ утре одлучува за протестите
СледнаМВР предупредува: Не отворајте лажни пораки од „Безбеден град“ – еве како да препознаете вистинска казна