дома Македонија Економија Утре ССМ одлучува кога ќе почнат протестите

Утре ССМ одлучува кога ќе почнат протестите

Утре ќе се знае кога Сојузот на синдикати на синдикати почнува со протестите со кои ќе бара згомемување на минималната плата на 600 евра и зголемување на сите останати плати. Одлуката треба да ја донесат највисоките тела на Синдикатот – Претседателството и Советот на ССМ. Од ССМ, не ја исклучуваат и можноста за организирање на генерален штрајк.
ССМ веќе подолг период поради зголемувањето на животните трошоци бара зголемување на минималната плата и на останатите плати, но засега нема слух од страна на работодавачите и Владата.
Одлука не беше донесена ниту на последната седница на Економско-социјалниот совет на кој минималната плата не беше ставена на дневен ред, а за неа се расправаше на предлог на претседателот на ССМ.
Освен Косово, само Македонија влезе во новата година со најниска минимална плата од сите држави во регионот.

Предходна„Стоп за Усје“ повторно на улица: Граѓаните најавуваат блокада за подобрување на квалитетот на воздухот во Скопје
СледнаСкопското ОЈО доби нов шеф – Анел Фидоски избран со седум гласа