дома Македонија Политика Антикорупциска ги демантира наводите на Левица за политички влијанија и „октопод“ во...

Антикорупциска ги демантира наводите на Левица за политички влијанија и „октопод“ во Комисијата

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска на брифинг ги отфрли наводите на Левица дека во институцијата постои политичка мрежа на влијание, судир на интереси и селективно постапување по предмети.

Претседателот на Комисијата, Адем Чучуљ, оцени дека обвинувањата се неосновани и целосно спротивни на начинот на кој функционира ДКСК.

Левица претходно објави соопштение во кое тврди дека постои „мрежа за контрола врз текот и исходот на предметите“, во која клучна улога ѝ се припишува на членката на Комисијата Цвета Ристовска и на лицето ангажирано во архивата, Татјана Наќева.

Чучуљ денеска изјави дека системот за распределба на предмети не дозволува никакви манипулации.

ПредходнаПожар во српското обвинителство – изгореле канцеларии каде се наоѓал и предметот „Настрешница“
СледнаОбјавени номинациите за наградите „Златна малина“