дома Култура Види вака: „Кругови“и свеста за депресијата

Види вака: „Кругови“и свеста за депресијата

„Кругови“ е кратка експериментална приказна за кревање на свеста за депресијата. Цикличното повторување на движењата и замрзнатите фотографски делови на композицијата ме потсеќаат на постојаните повторувачки мисли кај луѓето со депресија и чувството на беспомошност. Во спротивност од постојаното размислување, телото кај болните е тромаво, а светот полн со тежина и неподвижност.
Иако сликите се споени во кратко експериментално видео, тие се замислени да функционираат и сами за себе, повторувајќи се во недоглед.
Девојката ја глуми младата талентирана актерка Талија Ѓорѓиева. Концептот и реализацијата се на Ѓорче Ставрески.
„Синемаграфи сe специфична аудиовизуелна форма на фотографија и видео, во кои има делови кои циклично се движат, а остатокот од сликата е замрзнат. Веќе некое време сум импресиониран од оваа уметничка форма во која има една необична и заводлива дисонанца која се јавува кога окото очекува движење таму каде што го нема и обратно“ – вели режисерот Ѓорче Ставрески.

ПредходнаЦУК со апел да се патува внимателно и со зимска опрема за возилата
СледнаЖена на апликација за запознавање нуди леб наместо урми – и тоа е хит