Србија повторно не се согласи со четирите декларации усвоени од Европската унија (ЕУ), во врска со продолжувањето на санкциите против Русија поради војната во Украина и воведувањето нови критериуми за санкционирање на лица од Белорусија, беше објавено денес на веб-страницата на Европската служба за надворешна политика (ЕЕАС).

Србија не се согласи со одлуката за продолжување на рестриктивните мерки против Русија за уште шест месеци, до 31 јули 2026 година, односно за додавање на уште две имиња на списокот на санкционирани лица. Таа одлука на Европската Унија ја поддржаа Албанија, Босна и Херцеговина, Исланд, Лихтенштајн, Црна Гора, Северна Македонија, Норвешка и Украина.
Србија дури и не се согласи со рестриктивните мерки со кои на списокот на санкционирани бродови се додаваат 41 брод, односно танкери за нафта од таканаречената „флота во сенка“.




