дома Магазин Познато е зошто Емануел Макрон носеше очила за сонце во Давос

Познато е зошто Емануел Макрон носеше очила за сонце во Давос

Францускиот претседател Емануел Макрон го привлече вниманието на јавноста на Светскиот економски форум во Давос откако се појави во рефлектирачки авијатичарски очила за сонце со сини леќи.

На социјалните мрежи веднаш започнаа дискусии за тоа зошто ги носел додека држел говор пред толпа, а некои коментатори забележале дека не ги соблекол дури ни додека позирал со други политичари.

Отечени и црвени очи 

Сепак, необичниот потег не бил моден избор, туку, се чини, здравствена причина. Неколку дена претходно, за време на новогодишното обраќање до припадниците на француските вооружени сили на југот од земјата, десното око на Макрон било видливо црвено и отечено. Во таа прилика, тој се извини за она што го нарече „непријатен изглед“ на окото и нагласи дека станува збор за „целосно безопасен“ здравствен проблем.

Тој се обиде да ја ублажи ситуацијата и со шега, споредувајќи го изгледот на окото со песната „Окото на тигарот“, алудирајќи на решителност и борбен дух. Сепак, неговото појавување во Давос со очила предизвика низа коментари и шпекулации.

Не е официјално потврдено дали ги носел очилата за да го заштити окото или само за да го прикрие својот изглед.

Зборуваше за заканите на Трамп

Во говорот во Давос, Макрон предупреди дека светот влегува во период на длабока нестабилност и дека постои закана од „поместување кон свет без правила“, во кој меѓународното право сè повеќе се „гази“ и преовладува правото на посилниот. Тој оцени дека ова се „многу загрижувачки времиња“, директно предупредувајќи за агресивната надворешна политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

ПредходнаКои се Пелцеви? Семејството милијардери со кое се ожени Бруклин Бекам
СледнаСтарата порака на Викторија Бекам до Никола Пелц стана вирална: „Најдобрата снаа“