дома Локално Снегот ги изненади надлежните, сообраќаен хаос во Скопје

Снегот ги изненади надлежните, сообраќаен хаос во Скопје

Утрово Скопје осамна под снег, но улиците како и секоја година, така и оваа останаа неисчистени. Сообраќајот се одвива отежнато, а на одредени сообраќајници возилата едвај се движат.
И додека граѓаните на социјалните мрежи се жалат на неисчистени улици, од Град Скопје информираа дека нивни екипи се на терен постојано од раните утрински часови и дека интензивно работат на расчистување на улиците и булеварите.
– Со цел навремена и ефикасна реакција, Кризниот штаб е активен 24 часа дневно со континуирано следење и детектирање на сите клучни и критични точки, стои во објавата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

ПредходнаЗeмjи ĸoи ĸyпилe нajмнoгy ĸинecĸи пaмeтни тeлeфoни вo 2025 гoдинa
СледнаДaли БPИKC ce „нa дoбap пaт“ дa coздaдaт aлтepнaтивa нa плaтниoт cиcтeм ЅWІFТ?