32 нафтени компании се одговорни за половина од глобалните емисии на јаглерод диоксид (CO2), објавија денес британските медиуми, повикувајќи се на извештај од непрофитната, независна организација Influence Map.

Државно контролираниот Саудиски Арамко беше прогласен за најголем загадувач, додека ЕксонМобил беше најголемиот загадувач во сопственост на група приватни инвеститори, објавува The Guardian.
Арамко беше одговорен за 1,7 милијарди тони емисии на CO2, и доколку беше земја, Арамко ќе беше петтиот најголем загадувач во светот, веднаш зад Русија, се вели во извештајот.
Производството на фосилни горива на ЕксонМобил доведе до 610 милиони тони емисии на CO2, што ја прави деветта земја со најголем загадувач, пред Јужна Кореја.
Критичарите ги обвинија големите компании за фосилни горива за „саботација на климатските акции“ и дека се „на погрешната страна од историјата“, велејќи дека податоците за емисиите на CO2 сè повеќе се користат за да се повикаат компаниите на одговорност.
Според базата на податоци „Carbon Majors“, која ги следи емисиите на CO2 и метан од 1854 година, државните производители на фосилни горива учествувале со 17 од 20-те најголеми загадувачи.
17-те компании ги контролираат земјите кои се спротивставија на предлогот за постепено укинување на фосилните горива на самитот за климата COP30 на Обединетите нации (ОН) во декември 2025 година, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Русија, Кина, Иран, Обединетите Арапски Емирати и Индија, додека повеќе од 80 други земји го поддржаа планот за постепено укинување на фосилните горива.




