дома Македонија Деспотовски до СДСМ: Јавно извинување, во спротивно тужба

Деспотовски до СДСМ: Јавно извинување, во спротивно тужба

Тензиите и препукувањата меѓу поранешни високи функционери на опозициската СДСМ и актуелното раководство стануваат се поизразени. По вчерашното телевизиско гостување на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов кој јавно побара оставка од актуелното раководство и реакцијата која следуваше од СДСМ во која беше споменат и Деспотовски, денеска со остар коментар се јави самиот Деспотовски, кој побара јавно извинување од партијата, а во спротивно најави тужба.

Во објава на Фејсбук, Деспотовски вели дека актуелното раководство на СДСМ е единствено одговорно за незадоволството меѓу членовите на партијата.

– Ниту сметам, а најмалку чувствувам лична одговорност за тоа што поранешни, а и сегашни функциониери на партијата веќе јавно коментираат за состојбите во СДСМ и за политиките и одлуките на сегашниот партиски врв. Никој друг освен сегашното раководство нема одговорност за исклучувањето на партијата од клучните процеси во државата.- Доколку веднаш не следи јавно извинување и повлекување на сите лажни и навредливи наводи во серијата соопштенија, ќе бидам принуден да преземам правни чекори за клевета и лична, а потоа и за континуирано нарушување на угледот на СДСМ. Никој нема право со валкани игри да руши нешто што е создавано со жртва, верба и идеали, стои во објавата на Деспотовски

ПредходнаКој ќе зборува денес во Давос?
СледнаЦУК: Дел од автобусите на ЈСП од приградските линии не сообраќаат до крајните дестинации