дома Македонија Црна хроника Обвинителката Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Обвинителката Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Смета дека е недозволиво да се врши притисок врз јавен обвинител, особено не од позиција на моќ.
– Ги преземам сите институционални механизами што ми се на располагање бидејќи е недозволиво било кое обвинето лице да врши притисок врз јавен обвинител, а најмалку од позиција на моќ. Поднесов за премиерот, како што е јавно објавено, известување до Советот на јавни обвинители како инстутција која е задолжена за заштита на самостојноста на јавните обвинители, изјави Ристоска.
Ристоска претходно побара јавно извинување од премиерот откако тој во интервју спомена медиокритети. Од Владата тогаш изјавија дека премиерот не ја споменал обвинителката со име и презиме.

ПредходнаНови четири услуги од ФЗО отсега достапни Он лајн – uslugi.gov.mk.
СледнаПораката на Исланѓанецот до Трамп стана вирална по неговиот говор во Давос