На денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците е Предлог на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик во второ читање, поднесен од девет пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за кој се поднесени 13 амандмани.

За Предлог Законот поднесени се 13 амандмани, од кои девет од пратеничката на Нова социјалдемократска партија Соња Мираковска, два од пратеничката на Левица Јована Мојсоска и по еден од пратеничките на ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска и на Либерално-демократска партија Моника Зајкова.
Како што се посочува во образложението објавено на собраниската веб-страница, целта на овој закон е отстранување на слабостите во постојните одредби ОД Кривичниот законик и постапување во согласност со решението на Уставниот суд од 12 февруари 2025 година објавено во „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 58/25.
Со Предлог измените и дополнувањата на Кривичниот законик за што е користена компаративна анализа подготвена во Собранието, се воведува и ново кривично дело – инкриминирање на злоупотребата на туѓа снимка, фотографија, аудиозаписи или списи со сексуално експлицитна содржина.
Со предлог-законот е опфатена и одредбата за проширената конфискација, т.е. членот 98-а, во насока на проширување на опфатот на кривични дела за кои би можела таа да се примени. Исто така, се врши и доусогласување со Истанбулската конвенција преку редефинирање на кривичното дело телесна повреда од член 130 на Кривичниот законик со отстранување на гонењето по предлог во случаи кога делото е сторено при вршење родово базирано насилство, насилство врз жена или семејно насилство или од омраза или спрема лице кое е посебно ранливо поради неговата возраст, тешките телесни или душевни пречки или бременост, со што овој облик на делото ќе се гони по службена должност.
– Поради лоцираните слабости во практиката, а со цел нивно надминување, се предлага и вградување два нови облика кај кривичното дело трговија со дете заради надминување на состојбите со питањето.
Предлог-законот содржи и одредби за хармонизирање на кривичните дела против безбедноста во сообраќајот и одземањето предмети со пакетот предлог-закони поврзани со проектот „Безбеден град“.




