дома Свет Скршена шина веројатно е причина за железничката несреќа во која загинаа 45...

Скршена шина веројатно е причина за железничката несреќа во која загинаа 45 лица во Шпанија

Пукната шина ,пред брзиот воз да излета од шините во јужна Шпанија минатата недела,  е причината , се вели во прелиминарниот извештај на Комисијата за истрага на железнички несреќи, пренесува Ројтерс.

Во смртоносниот судир во Адамас, покраината Кордоба, загинаа 45 лица. Тоа беше една од најлошите железнички несреќи во Европа. Првиот воз, кој му припаѓаше на приватниот конзорциум Ирјо, излета од шините и се судри со друг брз воз од државната железничка компанија Ренфе, кој сообраќаше на спротивната страна.

„Врз основа на моментално достапните информации, може да се претпостави дека кинењето на шината се случило пред поминувањето на возот Ирјо вклучен во инцидентот, а со тоа и пред излетувањето од шините“, се вели во извештајот.

ПредходнаTWAGs го презедоа тенисот: Девојките тенисерки заработуваат повеќе од тенисерките
СледнаДикаприо одбива да каже со кого разговарал во виралното видео: „Јас не сум кодош“