Одлуката Фатон Сељами да биде избран за народен правобранител на местото на Насер Зибер, кој замина во пензија, беше донесена од собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата уште во јули минатата година. Но, тој не можеше да биде изгласан затоа што немаше доволен број пратеници за гласање по Бадентер

Собранието денеска во рамките на 65. седница го избра Фатон Сељами од Тетово за нов народен правобранител.
За изборот на Сељами гласаа 89 пратеници, шест беа против, а од пратениците што припаѓаат на заедници што не се мнозинство, 28 беа „за“, осум „против“.
Сељами е дипломиран правник, магистер по правни науки, со положен правосуден и нотарски испит.
Собранието го избира и разрешува народниот правобранител. Народниот правобранител се избира за време од осум години, со право на уште еден избор. Изборот и разрешувањето на народниот правобранител Собранието го врши со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. при што мора да има мнозинство гласови од вкупниот број на пратеници кои припаѓаат на заедниците што не се мнозинство.
Мандатот на Насер Зибери, претходник на Сељами, истече на 12 јули минатата година бидејќи на тој ден исполнил услови за пензионирање.




