дома Македонија Црна хроника Со гаранција од речиси 5 милиони евра Борче Марковски е пуштен од...

Со гаранција од речиси 5 милиони евра Борче Марковски е пуштен од притвор

Сопственикот на „Марковски компани“ и почесен конзул на Белорусија, Борче Марковски, е пуштен од притвор, дознава Телма. Неофицијално, гаранцијата што ја дал за да не бега изнесува речиси 5 милиони евра и вклучува куќа со двор во Битола и три стана, исто така во Битола, сопственост на „Марковски компани“. Како движен имот се водат и 25 булдожери и камиони, кои се исто така дел од фирмaта.

Одлуката ја донел Основниот суд во Битола, иако претходно битолското обвинителство се изјаснило негативно на неговото барање. Судот му определил мерки на претпазливост – Борче Марковски еднаш неделно треба да се јавува во судот, а привремено му е одземен пасошот.

Од обвинителството за Телма ја потврдуваат информацијата и додаваат дека поднеле приговор во однос на надлежноста на Кривичниот совет, сметајќи дека одлука треба да донесе Апелацискиот суд.

ПредходнаЈанкулоска со остри критики кон СЈО по застарувањето на предметот „Талир 1“
СледнаАмандманска распарава за повеќе измените на Кривичниот законик