Џими Гулзар, поранешниот сопруг на поранешната колешка на Викторија од „Спајс Грлс“, Мелани Браун, исто така се придружи на драмата на Бекам. Поранешниот танчер, кој ја има ќерката Феникс со Мел Би, во четвртокот на Инстаграм изнесе необична изјава: дека Викторија и Дејвид Бекам некогаш не можеле да се сетат на датумот на раѓање на нивното првородено дете.
„Го заборави датумот на раѓање на Бруклин“
Џими (51) напиша: „Еј Дејвид, се сеќаваш на забавата кај мене дома кога дојде да ја направиш првата тетоважа? Сакаше да го истетовираш датумот на раѓањето на твоето првородено дете – по грбот, од левата страна. Единствениот проблем беше што ти и Вики не можевте да се сетите на датумот, па таа мораше да ја повика твојата мајка за да провери.“ Тој додаде: „Беше навистина забавно, но нема никакво споменување за тоа во твојата книга или документарец. Зошто?“
Обвинувањата на Бруклин
Драмата започна со обвинувањата на Бруклин, кои тој ги објави на Инстаграм во понеделник, кога го прекина молчењето за затегнатиот однос со родителите и тврдеше дека 51-годишната Викторија му го „украла“ првиот танц со Никола.
„Мајка ми го „киднапираше“ мојот прв танц со сопругата, кој беше планиран неколку недели однапред со романтична љубовна песна“, напиша Бруклин. „Пред 500 гости, Марк Ентони ме повика на сцената. Според планот, тогаш требаше да биде мојот романтичен танц со сопругата, но наместо тоа, мајка ми чекаше да танцувам со неа.“
„Таа танцуваше со мене на начин што беше несоодветен за мене, пред сите“, додаде тој, тврдејќи дека „никогаш во животот не се чувствувал позасрамено или понижено“. Бруклин, исто така, објасни зошто тој и Никола ги обновија своите завети во август 2025 година, повеќе од три години по нивната венчавка. „Сакавме да ги обновиме нашите завети за да создадеме нови спомени од денот на нашата венчавка што ќе ни донесат радост и среќа, а не непријатност и срам“, напиша тој.




