дома Македонија Малолетник прегазил пешак и удрил во паркирано возило

Малолетник прегазил пешак и удрил во паркирано возило

Малолетник предизвикал сообраќајна незгода во скопското село Долно Коњари. Удрил во пешак кој се здобил со тешки телесни повреди и во паркирано возило.
Повреден е пешак со иницијали И.Ф. кој е пренесен во Ургентниот ценатр „Мајка Тереза“ и е во животозагрозувачка состојба, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Сообраќајната незгода е пријавена денеска во 11:30 часот.
Известен е дежурен јавен обвинител за малолетници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ПредходнаПроверките покажуваат дека камерите на „Сејф сити“ имаат минимални отстапки
СледнаОтворено писмо на претседателот на ССМ: 28 јануари е денот кога зборуваат работниците