дома Локално Облачно време со повремен дожд, слаб снег на повисоките планини

Облачно време со повремен дожд, слаб снег на повисоките планини

  Синоптичарите најавија претежно облачно време во текот на денов. Во крајните северозападни и југоисточни делови со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од слаб снег. Се предвидува да дува умерен, а долж Повардарието, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура се очекува да биде во интервал од 3 до 7, а максималната од 8 до 12 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно време претпладне со појава на магла, попладне со услови за повремени локални врнежи од дожд, како и сончеви периоди. Се очекува минималната температура да се спушти до 3, а максималната да достигне до 12 Целзиусови степени.

Пообилни врнежи и услови за ретки грмежи се очекуваат утре. Според најавите, врнежите ќе продолжат и во вторник до вечерните часови. Во среда претпладне ќе биде претежно сончево, а во попладневните часови облачноста ќе се зголеми. Во текот на ноќта и во четврток, повторно ќе има врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег.

Предходна„Тоше те сакаме“ – емотивен културно-уметнички настан во чест на Тоше Проески
СледнаПетровска по Конгресот на СДСМ: Ако не почнеме да се менуваме, ќе бидеме маргинализирани, а во крајна линија ќе исчезнеме