Скопското Кале, еден од најголемите симболи на главниот град, конечно ќе биде ставено во функција на уметниците и граѓаните. Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со министерот за култура Зоран Љутков и истакнати стручњаци, денеска извршија увид на локалитетот со цел негово целосно активирање.Ќе помогне вети скопскиот градоначалник. Скопското Кале ќе биде жива културна сцена на градот, истакна Ѓорѓиевски.
Како градоначалник на Град Скопје, имам јасна и недвосмислена цел која подразбира целосно отворање на просторот на Скопското Кале, негово внимателно, стручно и одговорно приспособување, и ставање во активна функција за културни и уметнички содржини, со апсолутно почитување на историските слоеви и автентичното културно наследство, рече Ѓорѓиевски.
Тој посочи дека низ светот постојат бројни позитивни примери каде објекти со силна историска и симболична вредност се целосно интегрирани во современиот културен живот како сцени за театар, музика, изложби и современи уметнички перформанси. Тие се живи простори во кои се води постојан дијалог меѓу античкото наследство, османлискиот период и современите уметнички изрази.
„Токму ваквиот пристап овозможува не само заштита, туку и активна, смислена интерпретација на културното наследство.
Просторот добива нова, современа културна улога во служба на граѓаните, уметниците и посетителите на нашиот град.
Скопското Кале е еден од најзначајните културно-историски симболи на Скопје.
Тоа е сведок на нашата цивилизациска историја и нашата колективна меморија.
Неговата реафирмација е јавен интерес и обврска кон идните генерации, да им оставиме град кој го почитува минатото, а храбро ја гради својата културна иднина“, потенцираше Ѓорѓиевски.





