дома Македонија Црна хроника ОЈО ќе ги проверува наводите на Жан Митрев за Заев и Филипче

ОЈО ќе ги проверува наводите на Жан Митрев за Заев и Филипче

Основното јавно обвинителство оформи предмет за наводите дека поранешниот премиер Зоран Заев и поранешниот министер за здравство Венко Филипче, кој е актуелен лидер на СДСМ, се обиделе да го принудат сопственикот на клиниката Жан Митрев да продаде дел од сопственичкиот удел во Клиниката.
Предметот е оформен по допрен глас, а како што соопшти ОЈО се вршат проверки со цел да се испита евентуално постоење на елементи на кривично дело кое се гони по службена должност.
Наводите ги изнесе самиот Жан Митрев на гостување на телевизија Алфа.

ПредходнаПетмина кандидати за државен јавен обвинител, кандидатурите испратени во Владата
СледнаОбвинителството ги проверува наводите на Жан Митрев дека Филипче и Заев го принудувале да им ги продаде сопственичките удели во клиниката