дома Македонија Политика Антикорупциска му пуштила прекршочни налози на Ѓорѓиевски за непријавената имотна состојба

Антикорупциска му пуштила прекршочни налози на Ѓорѓиевски за непријавената имотна состојба

Чучуљ рече дека судијата Ѓоко Ристов, осомничен за примање поткуп, има поднесено анкетен лист, но и дека тој не бил предмет на проверка.

Претседателот на Антикорупциска беше запрашан и за анкетниот лист на скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, за кого потврди дека наспроти законската обврска, сè уште ја нема пријавено имотната состојба уште кога беше градоначалник на Кисела Вода, а ниту откако беше избран за скопски градски татко.

„Пуштени му се и двата прекршочни налози и за Кисела Вода и за Град Скопје и уште е во фаза за постапка за порамнување“, рече Чучуљ.

ПредходнаДесет полицајци влегле кобната вечер во „Пулс“ и не ја прекинале забавата, ниту реагирале за пиротехниката
СледнаКардиологот Кедев сега се повлекол по објавата за непотребните операции на срце