дома Магазин Почина актерката Кетрин О’Хара, која ја играше мајката во „Сам дома“

Почина актерката Кетрин О’Хара, која ја играше мајката во „Сам дома“

Канадско-американската актерка и  сценаристка Кетрин О’Хара почина на 71-годишна возраст.

Таа почина во својот дом во Лос Анџелес по кратко боледување. Причината за смртта сè уште не е откриена.

Таа беше позната по неколку филмови, од кои најзначајни остануваат „Сам дома“ и „Битлџус“.

Една од нејзините последни главни улоги беше во комедијата „Шитс Крик“, за која освои награда „Еми“ во 2020 година.

Во 2023 година, Меколи Калкин ја покани О’Хара како почесен гостин на церемонијата по повод откривањето на неговата ѕвезда на Булеварот на славните во Лос Анџелес.

Нејзините најнови улоги беа во сериите „Последниот од нас“ и „Студиото“. 

ПредходнаПо Русија сега Додик во САД. На почетокот на следната недела, гостин на молитвен појадок
СледнаАли Акбар (73), најпознатиот колпортер на весници во Париз, доби Национален орден за заслуги