
Слаткарницата „Холцермаер“ се повикува на статија од историчарот Герхард Амерер од летото минатата година, во која се тврди дека оригиналниот рецепт за познатиот десерт е создаден во 1880 година од слаткарот Р. Бауман, предок на сегашниот сопственик на слаткарницата „Холцермаер“.
„Нема да седиме со скрстени раце додека се шират лаги“
Проблемот за Холцермаер е што нивните „топчиња“ не се произведуваат во Салцбург, туку во фабриката „Линдт&Спрунгли“ во Глогниц, Долна Австрија. „Не сум кавгаџија. Но, сè додека рачно изработената работа на занаетчиите се става на исто ниво со индустриски производ и сè додека се шират лаги, нема да седиме со скрстени раце“, вели Мартин Фирст, сопственик на слаткарницата Фирст, која рачно ги изработува топчињата.
Холцермаер сега излегува со нова теорија: топчињата на Моцарт првпат ги направила Луиз Карут, која била вработена кај слаткарот Бауман. Сега сите чекаат објавување на ново истражување од историчарот Амерер за потеклото на познатиот десерт, кое треба да биде претставено на јавноста во април.




