Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Пониква, Попова Шапка и Маврово и на планинските превои Пресека,Стража и Маврово, и на патниот правец во околина на Кочани. Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар и намалена видливост поради магла од 20-30 метри во околина на Крушево. Сите патни правци се проодни.
На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈА ПАТ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.




