дома Македонија Економија Денеска одлучувачки состанок во Брисел: Ќе попушти ли ЕУ пред барањата на...

Денеска одлучувачки состанок во Брисел: Ќе попушти ли ЕУ пред барањата на камионџиите

 

 

Министрите од Западен Балкан денеска ќе седнат на „онлајн маса“ со челниците на Европската комисија за да го решат горливото прашање што ги блокираше границите – правилата за престој во Шенген зоната. По минатонеделните протести и блокади на превозниците, Брисел конечно отвори простор за дијалог.

 

 

На состанокот, каде учествуваат клучните директорати на ЕК за транспорт и миграција, се бара „прагматично решение“ за возачите кои поради ограничувањето од 90 дена престој во период од 180 дена, често се соочуваат со огромни казни или депортации.

„Комисијата е свесна за загриженоста на транспортните оператори. Се разгледува воведување на ново законодавство со специфични правила за продолжен престој на ниво на ЕУ“, изјави портпаролот на ЕК, Маркус Ламерт. Ова е сигнал дека Брисел можеби за првпат ќе направи отстапка од ригидните правила кои со децении важат за трети земји.

 

 

 

ПредходнаДел од Сопиште денеска без струја
СледнаНајмногу снег на Попова Шапка